Денеска (среда, 10 април 2013) во 19:00 во Љубљански Град-Галерија “С“, која е сместена во дворецот што се издига над Љубљана и е еден од најважните културни центри во Словенија, ќе биде отворена изложба на нашата реномирана уметница Тања Балаќ.
Таму ќе бидат изложени делата од изложбата „Просторни дистанци“, која македонската публика ја виде во галеријата „Око“ минатата година.
Станува збор за триесетина слики, работени во комбинирана техника (пастел/колаж/акварел/гваш). Изложбата ќе биде отворена два и пол месеци.