Јубилејно 10-то издание на Танц-фест

Престижниот „Танц фест“ од 7 до 29 април по десетти пат на македонската публика ќе и ги прикаже најдобрите современи танцови кореографии. Организаторите најавија богата програма, нови содржини и бројни гости од регионот.

„Годинешната програма на Танц фест насловена како „Вкусот на танцот“, бројните премиери и претстави, но и новите содржини, Меѓународниот натпревар за современ танц, проекциите на најдобрите филмски танцови остварувања, Конференцијата за креативни индустрии, Парада на танцот, ветуваат богато и квалитетно јубилејно издание на овој фестивал кој ќе биде голема провокација и за нашата публика но, и за гостите од регионот, уметничките директори и менаџери од Европа и светот“ – велат од Танц-фест

За регионална промоција на фестивалот подготвени се пет кратки видеа карактеристични за скопскиот урбан живот.

You May Also Like