Трајановски ќе го посети првото бебе родено во новата 2012 година

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утре (недела, 01.01.2012 година), во 13:00 часот ќе го посети првото бебе што ќе се роди во Скопје во Новата година.

На првороденчето во Новата 2012-та, градоначалникот Трајановски ќе му подари штедна книшка со 20 000 денари и други пригодни подароци.

Информација за тоа каде е родено првото бебе во Скопје може да се добие на телефонскиот број 195, во Центарот за управување со кризи.

You May Also Like