Oд денеска (понеделник, 9 јули) во киното Милениум започнува со прикажување филмот „Пустинско цвеќе“ во режија на Шери Хорман, а главните улоги ги играат Лидија Кебеде, Сали Хокинс, Тимоти Спал.
Во “Пустинско цвеќе” поранешната супермоделка Варис Дири ја раскажува својата неверојатна приказна, опишувајќи го својот пат од номадскиот живот во сомалиската пустина до најпознатите светски модни писти. Тоа во исто време е нејзиниот сон и ноќна мора. Во Њујорк на врвот на нејзината кариера, во интервју признава дека на пет години била жртва на женска кастрација. Решава да ја заврши свјоата кариера како супермодел и да се посвети во борбата против овој варварски ритуал.
Проекциите на германскиот филм „Пустинско цвеќе (Desert flower)“се со почеток од 15:00.