Доделени наградите од руската амбасада за најдобрите статии за Русија

Денеска, 17 март 2021 година, во Музејот на македонската борба се одржа доделување на награди за победници на едномесечниот уредувачки предизвик за членовите на Вики Клубовите на тема „Запознајте ја Русија”, организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација и Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. Наградите ги додели амбасадорот Сергеј Баздникин.

Учесниците во текот на месецот февруари создаваа статии за Русија, нејзината историја, географија, култура, спорт и друго, а Википедија на македонски јазик беше збогатена со 625 нови или подобрени статии за Русија од страна на 20 млади уредувачи, кои ќе останат во иднина да може да ги прочита секој што знае македонски јазик.

На настанот беа почитувани препораките за внимателност.

(Фотографија од настанот)

You May Also Like