На денешниот прес на комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците.
– Ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски, обврскаат за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал, кажа д-р Александар Петличковски.
Сепак, д-р Петличковски и д-р Мехмедовиќ потенцираат дека за учениците останува изборот за носење на маска.Комисијата на денешниот состанок усвоила уште две препораки, и тоа:
– да се зголеми капацитетот на исполнетост на објекти од затворен тип како театри, кина, опери, на 75 отсто, за разлика од досегашните 50 отсто и
– да не се бараат ковид-сертификати за гости во отворен дел од угостителски објекти.
Ваквите препораки се донесени врз основа на проценката на епидемиолошката состојба во изминатата недела.