Минути не делат од почетокот на вечерашниот настан. Вечерва, 26.10.2011г. (среда) со почеток во 20:00 часот, во Универзалната сала во Скопје, ќе бидат одбележани 45 години од постоењето на оваа Јавна установа од областа на културата на Град Скопје. На прославата по повод 45 годишниот јубилеј ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Манифестацијата по повод 45-от роденден ќе се одржува под мотото „Универзална тогаш, сега и засекогаш“, а присутните ќе имаат можност да го гледаат документарниот филм снимен по повод овој јубилеј и да ги проследат музичките настапи на 14 реномирани уметници од земјава и странство, коишто во изминатите четириесет и пет години настапувале на сцената на Универзална сала – Скопје.сала, Коце