Утре (28 март, четврток) во ЕУ инфо центарот, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи јавна трибина на тема „Развој нa бизнис заедницата со емоционална интилигенција“. Организатор е Центарот за развој на емоционална интелигенција „Извор“.
На своето изложување Центарот за Развој на Емоционална Интелигенција ИЗВОР ќе ја потенцира важноста од емоционалната интелигенција при едукација и развој на бизнис заедницата.
После своето изложување, ИЗВОР ќе отвори јавна дебата на која свое излагање ќе имаат познати успешни претставници од македонскиот бизнис кои со своите лични бизнис приказни ќе им доловат на присутните како нивната храброст, одлучност, соочување со нелојалната конкуренција им помогнале да се изборат со сите успони и предизвици во текот на нивното работење.
Програма:
10:00 – 10:05 Отварање на јавната трибина од модератор
10:05 – 10:25 Едукација и развој на бизнис заедницата со емоционална интелигенција,
Нела ЈОЛЕСКА, Извршна директорка и основач на ИЗВОР
10:25 – 10:35 Како ЕИ се манифестира во животот (БАЛАНС меѓу здравје, среќа, успех),
Зденка НИКОЛОВСКА, Сертифициран менаџмент консултант, професионален Проект менаџер и основач на ИЗВОР
10:35 – 10:45 Александра МАРКОВСКА, Генерален менаџер на FOOD Consulting
10:45 – 10:55 Петар ЛАЗАРОВ, Сопственик на Macedonia – Export Consulting
10:55 – 11:05 Данче ЧАКАРОВСКА – ГРОЗДАНОВСКА, Правен застапник на Law Office Cakarovska
11:05 – 11:15 Јован ГАВРИЛОВСКИ, Менаџмент Консултант
11:15 – 11:25 Марта НАУМОВСКА – ГРНАРОВА, Генерален Менаџер во ZAVAR Company
11:25 – 11:35 Ана ЈОВКОВСКА, Водител на ТВ емисија “ПУЛС”
11:35 – 11:45 Прашања и Одговори
11:45 – 12:00 Неформално дружење со мало освежување