Свечен собир по повод денот на Европа во МАНУ

Денеска (8 мај 2013 година, среда) во 11:00 часот во MАНУ ќе се одржи свечен собир по повод Денот на Европа и по повод влегувањето на Хрватска во ЕУ.

На Собирот ќе се обратат: акад. Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Аиво Орав, амбасадор на Европската унија   во Република Македонија и Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрвтска во Република Македонија.

На собирот ќе биде претставено и делото „Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи во практитката на Европскиот суд  за човекови права“. Книгата ќе ја претстави Бранко Наумоски, претседател на Уставниот суд на Република Македонија.

Авторско обраќање ќе има и проф. д-р Јасна Омејец, претседател на Уставниот суд на Република Хрватска

You May Also Like