Денеска (12 декември, 2012, среда) со почеток во 19:00 часот во МКЦ Клуб ресторан, ќе биде промовирана книгата „Политика. Култура. Идентитет“ од Ангелина Бановиќ-Марковска и Златко Крамариќ.
Издавачи на книгата се МАГОР и Амбасадата на Република Хрватска, а промотори ќе бидат проф. д-р Ферид Мухиќ и проф. д-р Венко Андоновски.