Промоцијата на Скопскиот саем во Дипломатик салата, во недела (11 декември 2011 година) со почеток во 17:30 часот, на книгата „Хата-јога прадипиkа“ од Сватмарама, во превод и издание на Јога-сојузот на Македонија.
„Хата-јога прадипика“ е еден од најважните класични списи за хата-јогата, кој сега за првпат се појавува и на македонски јазик во превод и издание на Јога-сојузот на Македонија. Ова е дело што најмногу го цитираат оние што го проучуваат древното знаење на јогата. Јогинот Сватмарама го напишал текстот најверојатно меѓу XIV и XVI век. Тој, на англиски јазик, за првпат е преведен во 1893 година и оттогаш е издаден на многу јазици.