„Гевгелија е Град на културата за 2025 година! Ова признание не е само чест, туку и обврска. Тоа е потврда дека Гевгелија, со својата богатa културна традиција, повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија“, обзнани министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Владата инвестицираше 40.675.095 денари за комплетна реставрација на Старата чаршија, со што Гевгелија ќе добие нова визуелна и функционална димензија. Овие проекти ќе ја подобрат инфраструктурата и ќе создадат простор за културни настани и уметнички проекти, со што ќе се негува традицијата и ќе се поттикнат нови културни трендови. Гевгелија, со својата локација и природни убавини, привлекува бројни туристи. Сега, со статусот на Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање.
„Време е да создадеме средина во која културата не само што ќе се слави, туку и ќе се живее, каде што уметноста ќе биде интегрална компонента на нашиот секојдневен живот. Со манифестацијата Град на културата, имаме уникатна можност да ги инспирираме младите, да ги охрабриме уметниците и да го промовираме нашето културно наследство. Очекувам нови уметнички проекти, нови културни настани и нови иницијативи кои ќе ја заживеат Гевгелија и ќе ја позиционираат на мапата на културни дестинации во регионот и поширок“, вели во својот фејсбук статус министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.