Преставување на Факултетот за ликовни уметности пред идните студенти

Утре (среда, 24 април 2013 година) во рамките на „Ден на високото образование“ на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“  ќе се претстави и Факултетот за ликовни уметности, во времетраење од 10:00 до 17:00 часот. Централниот настан е предвиден на платото пред ректоратот на УКИМ, каде ќе биде сместен штандот на ФЛУ.

Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на единствената уметничка високообразовна институција во земјата, нејзината долга традиција, мисија и визија. На штандот се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, видео изложба од богатата наставно-научна и уметничка дејност на Факултетот за ликовни уметности: изложби, проекти, теренска настава, јавни изведби итн.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за студиските програмите на додипломските и постдипломските студии на Факултетот за ликовни уметности.

Бидете гости на Факултетот за ликовни ументости во рамките на Денот на високо образование. Факултетот е особено заинтересиран за образување на најталентираните ученици со желба за истражување и развивање на својот ликовен талент.

Покрај другите активности во рамките на одбележувањето предвидени се јавни дебати, многубројни наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на студенти од ФМУ-Скопје, Пламенка Трајковска и квартет и групата Суперхикс на платото на Универзитетот со почеток од 10:00 часот.

You May Also Like