Пријавување за изборот „Сајт на годината“

Во организација на компанијата Media Solutions трета година по ред, ќе се одржи манифестацијата Сајт на годината.Целта на организаторот е преку оваа манифестација да го поттикне развојот на интернет медиумите и интернет маркетингот во целина, како и да помогне да се валоризира трудот на специјалистите, менаџерите и агенциите кои се активни на ова поле во Република Македонија.

Покровители на овој настан се Амбасадата на Република Словачка во Македонија и здружението за интерактивен маркетинг ИАБ Македонија. На овогодинешната манифестација ќе бидат избрани најдобри сајтови во категориите: Најдобар сајт за 2012 година, Сајт на годината според гласовите од публиката, Најдобар забавен сајт, Најдобар информативен сајт, Најдобар бизнис/корпоративен сајт, Најдобар сајт за е-трговија, Најиновативен веб сајт, Најдобар сајт според дизајн, Најдобар спортски сајт, Најдобар сајт за невладини организации, Најдобар сајт за образование, Најдобар мобилен сајт, Најдобар сајт за владини/државни институции и Најдобар блог.

Секој интернет корисник може да номинира веб страници во изборот преку пополнување на формуларот поставен на www.sajtnagodinata.mk. Номинирањето ќе трае до 16 ноември а интернет посетителите ќе можат да гласаат за своите омилени веб страни од 19 ноември до 09 декември 2012.

Најдобрите веб страници ќе бидат избрани со збројувањето на гласовите на публиката и гласовите на стручно жири составено од проф. д-р Димитар Трајанов, декан на ФИНКИ; Демуш Бајрами, професор по односи со јавност на факултетот на ЈИЕ; проф. д-р Илијана Петровска професор по маркетинг и е-бизнис на Универзитет Американ Колеџ Скопје; Антони Пешев, Претседател на Собранието на Стопанска комора на Македонија; Билјана Пешевска, менаџер за е-медиуми во Universal Media и Горан Костовски, графички дизајнер.

Во рамките на манифестацијата и оваа година ќе се одржи еднодневна конференција на тема Интернет маркетинг и Е-бизнис на која ќе говорат професионалци во областа на интернет бизнис и маркетинг од Македонија и регионот.

Манифестацијата „Сајт на годината“ и панел дискусиите ќе бидат единствена можност топ светски специјалисти и менаџери  оваа област  да дојдат во Македонија и да ги пренесат своите искуства за развојот и трендовите преку презентации и дискусии на сите заинтересирани во нашата земја. Тоа сигурно ќе придонесе да се поттикнат ред процеси кои ќе му помогнат на овој сектор соодветно да се развива, согласно искуствата и веќе поставените критериуми во развиените земји. Имплементацијата на овие искуства ќе бидат предуслов Македонија на вистински начин да се приклучи на огромното светско интернет семејство.

You May Also Like