Милчо Манчевски – национален уметник

Режисерот Милчо Манчевски и официјално ја доби титулата национален уметник. Наградата денеска (вторник, 17 септември, 2012) му ја врачи претседателот Ѓорге Иванов.

Национален уметник е највисока титула за култура во Македонија. Наградата е трајно вреднување на придонесот на Манчевски во развојот и афирмацијата на македонската кинематографија.

Манчески е втор добитник на титулата Национален уметник на Македонија. Минатиот септември таа му беше врачена и на пијанистот Симон Трпчески. Признанието се доделува врз основа на Законот за национален уметник, а се состои во траен месечен надомест од 1.000 евра.

You May Also Like