Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид и Народен Театар Охрид на задоволство на публиката ја започнуваат новата сезона на театарски претстави кон крајот на месецов, a на репертоарот за следната сабота (29 септември) е предвидена претставата „Свадбата на Итар Пејо“.
Автор на претставата е Братислав Димитров, а во режија на Деан Дамјановски. Сценскиот дизајн и костимите се на Кирил Василев, кореограф Костадин Бетоски, додека композитор на музиката Златко Митрески.
Улоги:
Итар Пејо-Горан Стојаноски
Берберот-Стрезо Стаматовски
Кумот-Никола Тодороски
Менка-Јасмина Билаловиќ
Дренка-Адријана Билаловиќ
Ценка-Билјана Билаловиќ