Студентите ќе имаат можност да го прошират ствоето знаење, искажат ствоето мислење и да дискутираат на актуелни теми поврзани со СТЕМ образобанието. Продуктивно лето заедно со БЕСТ Скопје.
Борд на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ Скопје е интернационална, непрофитна, студенска организација која константно помага во развиваето на студентите преку академски курсеви, инженерски натпревари, тренинзи и културни размени.
Еден ваков настан е и годинешниот Симпозиум за образование кој ова лето ќе се одржи од 14 до 22 јули во Скопје. На овој настан триесетина странски и домашни студенти ќе ја имаат можноста да ги идинтификуваат и дискутираат тековните проблеми поврзани со расниот и етничкиот диверзитет во СТЕМ образованието, а воедно и да го споделат нивното мислење и да стигнат до иновативни решенија.
Работилниците и сесиите ги подготвува интернационален тим на студенти во соработка со професори и експерти од различни полиња, а нивниот исход се испраќа на меѓународни конференции за образование.
Но покрај едукативниот дел од овој настан, фокус e и културниот. Преку бројни дневни и вечерни активности во Скопје, учесниците ќе имаат шанса да ја споделат нивната култура и традиција, воедно и да се запознаат со македонската.
За повеќе информации посестете ја официјалната страна на симпозиумот: http://bse19.best.org.mk