Од денеска до 13 јуни по покана на ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски, во официјална посета на УКИМ ќе престојува висока делегација од Московската духовна академија (МДУ).
Делегацијата ќе ја предводи Архиепископот Верејскиј г. Евгениј, ректор на Академијата. Двајцата ректори потпишаа договор за соработка во јануари2013 година. На 9 јуни (понеделник) во 10.30 часот во Ректоратот на УКИМ,високата делегација, ќе се сретне со ректорот на УКИМ и деканот на Православно-богословскиот факултет проф. д-р Ацо Гиревски. Во текот на престојот во Република Македонија, Архиепископот г. Евгениј ќе посети повеќе цркви,манастири и културно-историски споменици. Посетата на делегацијата на МДУ е од големо значење, не само за Универзитетот, туку и пошироко, во насока на зацврстување на македонско-руските пријателски односи.