V Младински пролетен салон во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, утре (петок, 4 мај 2012 година) со почеток во 12:15 часот, ќе биде отворен „V Младински пролетен салон“.

Оваа ликовна манифестација ги афирмира младите таленти и ги презентира нивните дела во професионален простор и прерасна во културен натпревар меѓу средните училишта и факултети, со веќе  воспоставени традиционални награди. Во изминатиов период биле изложени над 2000 творби од целата држава.

Овогодинешната тема носи наслов ЦРНО БЕЛ СВЕТ, и презентирани се  мотиви изработени само  со ахроматски бои. Изложбата ќе биде отворена до 14 мај.

You May Also Like