Утре (сабота, 28.09.2019) во 20 часот, во Бифе Тафталиџе ќе биде отворена изложба на Снежана Мелник, на која ќе бидат поставени 50 акварели, цртежи од нејзиното творештво на тема еротика, сликани во периодот од 2018/2019 година.
За време на отворањето ќе биде прикажана и дигитална проекција на некои од делата на Снежана.
- “Моќни и Ненаметливи Дела Совршен Спој на Нелогичноста и Логичноста во нас. Реалност и живописност вкоренета во просторот во душата и во Светлината. Колоритност во прагот на самото зачнување и губење. Висока Сензибилна и Интимна Црта. Мелник е идеален Сеизмограф за најскриените и најдлабоките емоции“, вели Трајче Николовски за творештвото на Мелник.