Во среда, на 17 април, со почеток во 11 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи трибина на тема „Вреднувањето на писателскиот труд“.
Модератор на трибината ќе биде Христо Петрески, а воведни искажувања ќе имаат Гоце Ристовски и Ана Мартиноска. Во оваа прилика писателите ќе имаат можност да проговорат за аномалиите во процесот на вреднување на книжевно-креативниот труд и да артикулираат начини за нивно надминување.
Трибината е од отворен карактер и во неа ќе можат да се вклучат сите заинтересирани.