Симона Угриновска именувана за директор на МНТ

На 3 септември 2018 година, од страна на министерот за култура Асаф Адеми, за директор на НУ Македонски народен театар е именувана Симона Угриновска.

Претходно, Угриновска беше назначена за директор од позиција на в.д директор, со искуство како продуцент во матичната куќа МНТ, каде работи од 2010 година.

Како дел од активностите во изминатиот период може да се издвојат:

Следеа гостувањата во МНТ: скопската премиера на „Планинските џинови“, на Луиџи Пирандело, а во режија на Паоло Маџели (претствата е дел од регионалниот проект „(Ре)Откривање на Европа„ кофинансиран од ЕУ, Креативна Европа и е копродукција на: Италијанската драма при Хрватскиот народен театар „Иван Зајц“, Риека, Хрватска; Словенечки Стален театар, Трст, Италија; Унгарскиот театар КДЗС Суботица, Србија, Германскиот театар Темишвар, Романија и НУ Албански театар, Скопје); Народно позориште Белград и Битеф театар со претставата „Царство небеско“ – Епика Балканика, која се играше на две локации. на големата сцена во Македонски народен театар и во Младински културен центар – кино „Фросина“; Југословенско народно позориште, Србија со претставата „Ајнштајновите соништа“; а во рамките на Скопско лето (во соработка со МНТ) гостуваше театарот Гавела од Загреб со претстава „Крал Рикард III“, во режија на Александар Поповски.

Се реализираа и гостувања на претставата „Ничија земја“ надвор од сцената на матичната куќа: на XVII фестивал на босанскохерцеговската драма и авторскиот театар Зеница 2018 г., кој се оддржа од 6 до 14 мај под мотото „Ex Ponto: Каде е моето место?“; Меѓународниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа“, Благоевград, Р. Бугарија; отворањето на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, а во рамките на фестивалот беше поставена и изложбата „Моќта на театарот“ – изложба посветена на театарската уметност.

Симона Угриновска дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за драмски уметности – отсек продукција, во класата на проф. Мартин Панчевски, во 1993 година. Како продуцент работела во Македонската радио телевизија и во Министерството за одбрана како помошник министер за издавачка дејност и аудуо и видео продукција. Од 2010 година е продуцент во НУ Македонски народен театар, и има работено на повеќе од 15 театарски претстави: „Бесови“ (2011), во режија на Златко Славенски; „Свадбата на Фигаро“ (2011), во режија на Леван Цуладзе; „Парите се отепувачка“ (2011), во режија на Бојан Трифуновски; „Животот е сон“ (2012), во режија на Владо Цветановски; „Подемот и падот на кабарето“ (2013), во режија на Владимир Милчин; „Вечната куќа“ (2013), во режија на Дејан Пројковски; „Аферата Елсињор“ (2014) во режија на Љубиша Георгиевски; „Сината птица“ (2014), во режија на Златко Славенски; „Да тргнеме Сењор“ (2014), во режија на Нела Витошевиќ; „Вујко Вања“ (2015), во режија на Зоја Бузалковска; „Мајсторот и Маргарита“ (2015), во режија на Иван Поповски; „Чикаго“ (2015), во режија на Наташа Поплавска; „Брачна игра“ (2016), во режија на Тони Михајловски; „Прекината одисеја“ (2016), во режија на Јацег Гломб (копродукциски проект помеѓу НУ МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ од Полска); „Соларис“ (2016), во режија на Андриј Жолдак; „Квартет“ (2016), во режија на Зоја Бузалковска; „Тартиф“ (2016), во режија на Галин Стоев; „Говорна мана“ (2017), во режија на Драгана Милошевска, „Авантурите на Аладин“ (2017), во режија на Бојан Трифуновски; „Mamma Mia!“ (2017), во режија на Наташа Поплавска и „Госпоѓиците од Авињон“ (2018), во режија на Ненад Витанов.

You May Also Like