Арда Мустафаоглу со второ место на натпревар во Турција

Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу освои втора награда на двоетапниот интернационален пијано натпревар за млади таленти кој се одржа во рамки на 19-от Интернационален пијано фестивал во Анталија, Турција.

На церемонијата на доделувањето на наградите, настапот на Арда беше поздравен со големи овации од бројната турската публика во „Аспендос“ халата на културниот центар во Анталија.

Оваа награда следува по учеството на меѓународниот пијано мастер клас на професорот Херберт Кох од 19 до 27 август во Дирен (Германија), во рамките на кој, Арда настапуви на три концерти во Дирен, Ахен и Бон.

Во следниот период Мустафаоглу ќе се престави пред македонската публика со солистички рецитали во Велес, Штип, Струмица, Прилеп и Скопје, а кон крајот на септември ќе настапува и во германски Касел.

You May Also Like