Се реставрираат мозаиците на Лазар Личеноски

Продолжуваат активностите за ревитализација, санација и обнова на Спомен куќата на Лазар Личеноски. Покрај работата на инсталациите на објектот, на кои работат Конзерваторски центар – Скопје, Националната галерија на Македонија работи на конзервација и реставрација на мозаиците.

Согласно Конзерваторското одобрение за конзервација и реставрација на 37 мозаици и 5 зграфита од Спомен – куќата на Лазар Личеноски, издадено од Управата за заштита на културното наследство бр. 09 163/5 од 31.08.2021 година, Националната галерија на Македонија започна со процесот на конзервација и реставрација на мозаиците од куќата на Лазар Личеноски.

 

Работите на непосредна заштита се извршуваат под раководство на Драган Верговски, советник конзерватор и стручен тим во состав: Славица Алексоска, виш кустос во НУ Национална галерија на Македонија, м-р Владо Муковски, акад. сликар – советник конзерватор во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и Лариса Лауцоска, соработник.

You May Also Like