„Рефлексии“ на Златко Глигоров во МКЦ

Уметникот Златко Глигоров ќе се претстави пред публиката со својата инсталација „Рефлекции“. Истата ќе се отвори во четврток (13 април 2023) во Галерија 2 во МКЦ, со почеток во 19:30 часот.

Инсталацијата „Рефлексии“ е нов истражувачки проект на Златко Глигоров.

„Инсталацијата се состои од серија на дводимензионални модули (мултиплицирани фрагменти) во заднината, а во преден план е поставена минимализирана скулптура. Скулптурата е двокомпонентна и е составена од мобилна произволна форма (обоен белутрак врз белутрак) поставена пред систем од рефлектирачки површини во кои таа форма се одразува создавајќи во играта од одрази (рефлексии) нови непостојани форми.

Значи, формата се конструира и деконструира во играта на одрази откривајќи нови и неочекувани значења кои упатуваат натаму кон она што се крие зад самата форма. Во процесот на деконструкција формата се редуцира (преоѓа од три во две димезии) и се деформира.

Во ваквото контолирано апстрахирање на формата апстракцијата е екстракција на вистинската форма зад привидот кој го создава видливата форма. Исчезнувањето на формата во делото овозможува трансценденција на материјалната стварност.

Преку поместувањето на формата од нејзината материјална појавност кон нејзината оптичка репрезентност уметникот му овозможува на гледачот да ја следи трагата што зад себе таа ја остава. Гигантираната заднина на делото е составена од рециклирани фрагменти од поранешно дело е вид на реминисценција и комеморација на светот на видливото (сликата е слика на сликата на сликата). Скулптурата е еден вид на катоптричка машина во која формата исчезнува во сопственото мултиплицирање на одразите и е принудена да го открие своето вистинско битие кое опстојува во интелигибилниот простор на стварната стварност.“ Емил Алексиев

Изложбата ќе трае заклучно со 23 април 2023.

You May Also Like