Ева Богоевска првиот македонски претставник на Сан Ремо-Јуниор

Ева Богоевска е првиот македонски претставник на Сан Ремо-Јуниор. На 5-ти овој месец, таа влезе и настапи во финалето, исполнувајќи дело насловено како „Варијации на традиционална тема за соло виолина“ специјално компонирано за овој настап од композиторот Живоин Глишиќ.

Идејата за испраќање на наш претставник на Сан Ремо-Јуниор беше заедничка на претседателот на светската асоцијација на фестивали Марјан Катароски и на директорот на ДМБУЦ, Јован Бицевски, кој успешно ја водеше и целата организација и реализација на проектот. Оптимистичките предвидувања се остварија. Делото на Живоин Глишиќ е мошне ефектно и интересно, а за професионалниот дел и стручната подготовка заслужна беше професорката на Ева, Ана Кондратенко. Голема заслуга за успешното реализирање на проектот има и Министерството за Култура на Република Македонија.

Македонскиот тим го сочинуваа само четворица: Ева Богоевска, Директорот на ДМБУЦ – Јован Бицевски, композиторот Живоин Глишиќ и мајката на Ева. Настапот на Ева беше оценуван од Интернационално жири со претставници од Италија, Малта, Јапонија, Казахстан.

– Бев среќна кога слушнав како водителот го кажува моето име и ме повикува на сцената како првонаградена, но уште посреќна и погорда бев кога го слушнав името на мојата земја, зошто знаев дека во тој момент сите во мојата татковина ќе се радуваат на овој успех, вели Ева.

На 6-ти мај, како првонаградена имаше уште еден настап на ревијата на победниците во Аристон салата каде и беше врачена прва награда.

You May Also Like