Претставување на Пијанечкиот фолклор пред словенечката публика

Фолклорната група при Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“’ од Делчево е во Словенија каде до 9 октомври ќе учествува на фестивал во градот Вранско.

Фолклорната група ќе се претстави со традиционални изворни игри и песни препознатливи за Пијанечкиот крај.

– Членовите на фолклорната група „Вапцаров“ кои заминуваат за Словенија се на возраст од 10 до 14 години. Со домаќините од Вранско имаме одлична соработка. Пред неколку месеци тие беа наши гости на пријателскиот концерт кој имаше хуманитарен карактер. Оваа посета на некој начин ќе биде возвратна посета во чии рамки нашата главна активност ќе биде учеството на „Годишен концерт”, кој по единаесетти пат го организира фолклорното друштво “Вранско”, информира директорот на установата Методи Толевски.

Во рамки на посетата на општина Вранско, делчевските играорци ќе бидат дел од фолклорната работилница на која ќе се разменуваат искуства во делот на словенечки и македонски ора.

You May Also Like