Премиера на филмот „This is HERstory“ и изложба на Илина Арсова. Настанот ќе се одржи во четврток (14.02.2019 година) во Кино Култура со почеток во 19 часот.
Премиерно прикажување на филмот This is HERstory, кој ја на автентично уметнички јазик ја раскажува приказната на три женски атлети од Балканот, нивната силна страст кон качувањето, планинарењето и животот во склад со суровата природа. Секоја од нив има високо поставена цел за оствaрување, а во овој краток филм ги следиме од близу нивните падови и успеси вткаени низ уметноста и екстремните спортови.Ова е нивната приказна!
Режија: Игор Христов / По идеја на: Илина Арсова
Филмот е изработен со помош на Глобалната Спортска Менторска Мрежа, со цел зајакнување на жените и младите преку спорт.
По проекцијата ќе биде отворена и авторска изложба на Илина Арсова. Изложбата има продажен карактер со цел поддршка на експедиција Винсон, Антарктик 2019, последен во предизвикот „7 врвови”. Со секое купено дело, оригинална слика, акварел или картичка, станувате пријател и поддржувач во намерата за остварување на овој светски високогорски предизвик кој досега го имаат завршено само 70 жени од светот.
Настанот е поддржан од општина Центар.