Отворена изложба на уметникот Лена Ѓуриќ

Во Берово синоќа беше отворена изложба на слики во техника масло на платно со мотиви инспирирани од убавините на светот, подготвена од уметникот Лена Ѓуриќ од Свети Николе. Сликите се изложени во комплексот Аурора, а изложбата ја отвори градоначалникот Пекевски.

Македонскиот уметник Лена Ѓуриќ повеќе од 30 години живее и твори во Париз, а со изложбата првпат се претставува во Берово.

– Во моите слики кои се со наративни содржини и со впечатлива колоритност е содржана тријадата која ја чинат сетилата, емоциите и интелектот, нешто без кое ниту едно уметничко создавање не е можно, вели Ѓуриќ.

Во рамки на изложбата во Берово, беа претставени 30 слики во техника масло на платно и акварел.

You May Also Like