На 13 септември низ европските градови со разновидна програма се одбележува 200 годишнината од раѓањето на Клара Шуман. Кон ова светско одбележување ќе се вклучат и македонски музички уметници во проектот 200 години од раѓањето на Клара Шуман “Soirees musicales” со поддршка од Министерството за култура.
Носителот на проектот Весна Малјановска во овој проект ги соедини музичките уметници Катерина Гелебешева Костадиновска- пијано, Сања Шуплевска Боирал- виолина, Глигор Гелебешев- пијано, Александра Коцевска- мецосопран, Колос Цури-пијано, Драган Гоневски- виолончело кои ќе изведат за прв пат во Македонија композиции од творештвото на Клара Шуман.
Иако во светот досега творештвото е доста изведувано кај нас за прв пат ќе се изведата делата Балада опус 6 број 4, Романса број 1 за виолина и пијано, ,,Sie liebten sich blide ,,(Oбајцата се љубеа) и Лорелеј, Ноктурно опус 6 број 2 од ,,Soirees musicales,, и Анданте од Пијано трио опус 17. Клара Шуман мајсторот на пијаното која настапувала во периодот на романтизмот заедно со Фредерик Шопен, Франц Лист има импресивно композиторско творештво.
Целта на проектот беше по прв пат да се претстави композиторско творештво на Клара Шуман преку кои музичките уметници ќе имаат пристап кон поширокото романтичарско творештво, кои може да е најде на концертните приграми, но исто така и во едукативните.