Премиера на „Фани Мани“ во Прилеп

„Театар Чин 4 Сцена 5“ при НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп денеска (среда, 23 април) од 20:00 часот премиерно ќе ја прикаже современата фарса “Фани Мани” од Реј Куни. Претставата е во режија на Дарко Карбески.

Во претставата играат Дарко Карбески, Емилија Чавлеска, Дарко Ристески, Теодора Тарајческа, Виктор Мирчески, Давид Папазоски, Марио Стојаноски и Гоце Саздано.
Станува збор за фарса во која е претставен еден момент од животот на Фамилијата Трпчевски проследен со многу комични настани.

– Решивме да го поставиме овој текст поради моменталната ситуација во опшеството, во кое парите играат голема улога. Исто така сакаме на публиката да и ја прикажеме добро познатата реченица “парите го менуваат човекот” низ призмата на комедијата – велат од МДС.

You May Also Like