Излезе од печат книга со хаику-поезија „Стрмец во хаику скротен“ на авторот Пере Ристески.
Во книгата се поместени 70-тина хаику-песни, кои тематски се однесуваат на ветерот стрмец, карактеристичен за охридскиот регион.
Книгата е поддржана од Општина Охрид, а е во издание на „ПНВ публикации“ од Скопје.
– Авторот на оваа книга е вистински хаику-мајстор, кој ги води читателите низ тајните на хаикуто експериментирајќи со него, модернизирајќи го и доближувајќи го културолошки до македонското читателство, велат од издавачката куќа.
Пере Ристески е роден 1977 година во Струга. Автор е на девет книги поезија, од кои пет со хаику-поезија. Неговата хаику-поезија е преведена на голем број јазици и редовно се објавува во книжевни списанија и антологии во Европа и светот.
Добитник е на значајни интернационални признанија, пофалници и дипломи.