Објавена е„Коскена“ нова стихозбирка на Марина Мијаковска

„Коскена“ е најновата стихозбирка на Марина Мијаковска што излезе од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје.

Книгата се состои од седумдесет и осум песни сместени во три носечки циклуси: Коскена, Женска и Огнена. Мијаковска се впишува себеси како родов субјект преку телото.

Оваа телесна морфологија преточена во поезија во себе содржи женски маркери: теми од женското секојдневие, јас-форма на лирската есенција и современ модел на женскост.

You May Also Like