Малолетници нарачувале дрога преку интернет порачки од Кина

Малолетници од реонот на хрватскиот полуостров Истра, откриле начин како да порачуваат дрога од Кина преку анонимни интернет порачки, објави весникот „Глас Пуле“.

Според весникот, ова им овозможува дури и на малолетни деца да дојдат до опасни дроги без улични продавачи, туку порачувајќи ја дрогата од Кина како што се порачуваат, на пример, обични маски за телефони.

Весникот пишува дека е распространета дрога на база на амфетамини произведена во Кина, која потоа се меша со други хемиски средства.

You May Also Like