Вечерва, (четврток, 7 јули 2011) со почеток во 21:00 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, ќе се одржи концерт на Марјан Јанкоски и групата Портал.
Концерт на Марјан Јанковски – автор, гајда, тамбура и групата “Портал”,
Сашко Петрев – тамбура,
Љупчо Аслимовски – кавал, тапан,
Ангеле Михајловски – пијано,
Драгана Трифуновиќ – виолина,
Елена Владимирова – виолина,
Стојанче Наумовски – виолончело.
ПРОГРАМА
ВДАХНОВЕНИЕ (секстет за кавал, тамбура, пијано и трио гудачи)
Автор: Марјан Јанкоски
НЕМИР ПРЕД ИКОНАТА НА ЦАРИЦАТА НЕБЕСНА (септет за 2 кавали, тамбура, пијано и трио гудачи)
Автор: Марјан Јанкоски
ТАНЦОТ НА ИЗВОРИТЕ (квартет за два кавали и две тамбури)
Автор: Марјан Јанкоски
СЛЕДЕЈЌИ ЈА ЅВЕЗДАТА (секстет за кавал, две тамбури и трио гудачи)
Автор: Марјан Јанкоски
МОЛИТВЕНА (квартет за пијано и трио гудачи)
Автор: Марјан Јанкоски
КИНИСА МОМЕ (секстет за кавал, две тамбури и трио гудачи)
Прв став: Киниса моме на вода (обработка)
Втор став: Поигрување на судбината
Автор: Марјан Јанкоски
МАНАСТИРСКИ КОПНЕЖ (квартет за два кавали и две тамбури)
Прв став: ‘Гласот’ што смируваВтор став: Утро
Автор: Марјан Јанкоски
СИ ЗАЉУБИВ… (квартет за кавал и трио гудачи)
Обработка: Марјан Јанкоски
РАДОСНА ПЕСНА (секстет за кавал, тамбура, пијано и трио гудачи)
Автор: Марјан Јанкоски
КРИЛЈАТА НА ГУЛАБИЦАТА (септет за кавал, две тамбури и трио гудачи)
Автор: Марјан Јанкоски
Музичкиот состав “Портал” е оформен во 2002 г. од страна на неговиот идеен творец етно – инструменталистот и автор Марјан Јанкоски. Во својата досегашна концертна активност овој музички состав има настапувано на многубројни музички фестивали и културни манифестации. Програмата која ја изведува овој музички состав се состои од авторски дела на Марјан Јанкоски и претставува врска помеѓу уметничкото и традиционалното, односно, спој помеѓу различните и навидум неспоиви стилови и правци кои се карактеристични од една страна за уметничката музика, а од друга страна за изворната традиционална инструментална музичка традиција и православна музика.
Марјан Јанкоски потекнува од Вевчани. Средното музичко училиште го завршил во Битола. Дипломирал на Факултетот за музичка ументност во Скопје (2002) на одделот за МТП со народни инструменти во класата на проф. Драган Даутовскиа додека во 2009г.Магистрирал на тема Примената на народните музички инструменти во одделенската настава.
Во својата досегашна музичка, научна и педагошка кариера Марјан има настапувано на многубројни манифестации, фестивали, културни настани, натпревари, како во земјава така и во странство: Австрија, Босна и Херцеговина, Грција, Србија, Словенија, Италија, Германија, Русија.
Учесник е на научни конференции: ИРАМ (11 конф.; 16 конф.); ФМУ-Штип (2010); Ксантика (2007)
Има издадено повеќе албуми: “Раѓајте се македонци” (хуманитаен проект), “Божилак” (на Тоше Проески), “Разбој” (со Драган Даутовски квартет)
Марјан Јанкоски моментално работи како доцент на ФМУ во Штип по предметите народни инструменти, оркестар на народни инструменти и етноорганологија.