На денешен ден роден е Горан Стефановски (Битола, 27 април 1952 – Кентбери, Англија, 27 ноември 2018).
Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година, и е еден од наплодните драмски писател од современата македонска книжевност.
Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.
Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.
Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година .Член е на Македонскиот ПЕН центар.
Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“. Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“.
Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“.
Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.
Во Англија, во местото Кентбери, по кратко боледување, на 66 годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски, во 2018та.