На денешен ден роден е Александар Ацо Станковски (Кичево, 26 јануари 1959) е македонски уметник, претставник на македонската алтернативна сцена.
Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1985 година, во класата на Драгутин Аврамовски.
Еден е од клучните членови на групата „Зеро“, која се појавила во 1985 година, како своевиден андерграунд одговор на тогашната уметничката сцена етаблирана во социјалистичкиот режим.
Познат е по постмодернистичкиот и често, провокативен пристап во своето творештво. Користи колажен метод на компонирање зачинет со иронија, критички осврнувајќи се кон настаните во стварноста.
Заедничка црта за целото творештво на Александар Станковски е неговата поврзаност со културата на андерграундот. Користи хуморно-гротескен уметнички израз каде се третираат прашањата за религијата, сексуалноста и политиката. Постмодернистичката иронија и самоиронијата се често присутни во неговиот опус.
Изложби и перформанси
Александар Станковски е главно ликовен уметник. Колажната техника која тој ја употребува опфаќа голем број на сегашни и уметнички правци со кои си „игра“ во презентирањето на своите концепти. Употребува повеќе техники: масло на платно, масло на картон и други техники.
Има остварено повеќе самостојни изложби во земјата и во странство:
Дом на ЈНА, Скопје (1980)
- Дом омладине Будо Томовин, Подгорица (1984)
- Галерија 25 Мај, Скопје (1985)
- Галерија Hronos, Загреб (1986)
- Kunst onder de toren, Бреда, Холандија (1987)
- Hallway Gallery, Peninsula Museum of Art, Монтереј, Калифорнија, САД (1988)
- Bank fur Verschaft Social, Келн, Германија (1989)
- Schoultke Gallery, Келн, Германија (1990)
- Музеј на град Скопје, Скопје (1997)
- Музеј на град Скопје, Скопје (2002)
- Пенетрација во ЕУ, перформанс, Press to Exit, Скопје (2005)
- Сновиденијата на Пандалф Вулкански, Културен центар Точка, Скопје (2005/06)
- Ликовен салон на МАНУ, Скопје (2006)
- Скарадности, Куршумли-ан, Скопје (2006)
- Разгледници од транзицијата, Дом на млади, Штип (2007)
- Петолетка, изложба во рамките на манифестацијата Бела Ноќ, КИЦ, Скопје (2007)
- Политиката на телото во сликарството на Александар Станковски, јавен разговор, Културен центар Точка, Скопје (2008)
- Синергија (со Мартин Галевски), Отворено графичко студио, Музеј на град Скопје (2008)
- Јавна вечера по повод „Тајната вечера“ на Станковски, перформанс, Галерија 7, Скопје (2009)
- Забава, стрип-изложба, Мала Станица, Скопје (2009)
- Нудизам, изложба на акти, Мала Станица, Скопје (2011)
- Театар, изложба, Младински културен центар, Скопје(2017)
Групни изложби има остварено во Скопје, Виена, Њујорк, Келн, Копенхаген, Франкфурт, Истанбул, Будимпешта, Барселона.