На денешен ден: Почина Петре Прличко

На денешен ден, 1995 година, во Скопје почина Петре Прличко, доајенот на македонското глумиште.  Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 – Скопје, 16 ноември 1995) , сам по себе претставува вистинска легенда и е значаен дел во историјата на македонското глумиште во XX век.

Неговата ненадмината актерска харизма остави неизбришива трага во македонскиот театар и филм од 20 век. Многумина го прогласија за легенда додека се уште беше жив. Зад себе остави најмалјку 250 театрски ролји, 55 драмски режии, 50 драмски режии во патувачките театри, 32 улоги во долгометражни филмови како и 17 режии во куклени театри.

И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар „Боем“.

Од 1939 година членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 година во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.

Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши глумци.

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.

Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага, тоа секако ќе биде „Манданата“ т.е. неговиот лик во филмот „Мис Стон“, за која ја доби и наградата „Златна арена“.

 

Филмографија

ГодинаФилмУлога
1940.-те
1949Мајка Катина ТВ-филмЛовет
1950.-те
1952Фросина ТВ-филмКузман
1953Циганка ТВ-филм
1955Волчја ноќ ТВ-филмПаун
1958Мис Стон ТВ-филмМандана
1959Виза на злото ТВ-филмКузман
1960.-те
1960Капетанот Леши ТВ-филмСок
1961Мирно лето ТВ-серијаСтрико Тале
1961Парче плаво небо ТВ-филмДедо Филип
1961Солунските атентатори ТВ-филмНикола Попов
1961Твојот роденден ТВ-филмДомарот
1962Пресметка ТВ-филм
1962Обрачун ТВ-филмСок
1962Ла степпа ТВ-филмСлиопка
1963Невестинска пушка ТВ-филмПетар
1964Народен пратеник ТВ-филмЈеврем Прокиќ
1964Марш на Дрину ТВ-филмТрајко
1965Не се враќај по истиот пат ТВ-филмКирил
1965Денови на искушение ТВ-филмФезлиев
1966Кога бев мал ТВ-серија
1966До победата и по неа ТВ-филмДиме
1966Крчмите ТВ-филм
1967Згодба ки је ни ТВ-филмЦиган
1967Каде по дождот ТВ-филм
1967Македонска крвава свадба ТВ-филмМојсо
1967Мементо ТВ-филмКоле
1967Латови кој се памети ТВ-филмСтарец
1968Планината на гневот ТВ-филмМоне
1968Нешто темно и тешко ТВ-филм
1968Братот на доктор Хомер ТВ-филмЛекарот
1969Антица ТВ-филм
1969Волшебниот воз ТВ-филм
1969Свекник ТВ-филм
1969Републиката во пламен ТВ-филмДојчин
1970.-те
1970Мртва стража ТВ-филм
1970Џорц Дандем ТВ-филм
1970Балада за орканата ТВ-филм
1970Слики на дрво ТВ-филм
1971Жед ТВ-филмДедото
1971Македонски дел од пеколот ТВ-филмЛоце
1971Црно семе ТВ-филм
1971Балада о свирепом ТВ-филмМилун
1972Палтото ТВ-филм
1973Новогодишен карусел ТВ-филмВрапче
1973Бела кошула ТВ-филмТале
1973Залез над езерска земја ТВ-филмГлигориј
1975Бел памук, црвено предило ТВ-филм
1975Шути и рогати ТВ-серија
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1976Капетанот Микула Мали ТВ-филмДида
1976Ужичка Република ТВ-филмПекарот
1976Сослушување на железничарот ТВ-филмСтариот железничар
1978Златни години ТВ-серијаБерберот
1978Курирот на Гоце ТВ-серија
1979Хихирику Радио-емисија
1979Наши години ТВ-серија
1980.-те
1980Време, води ТВ-филмЛамбе Футак
1980Учителот ТВ-филм
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1981Булки крај шините ТВ-серијаЧичко Ставре
1981Милион маченици ТВ-филм
1981Стијче ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серија
1982Едно лето ТВ-серијаДедото на Владимир
1983Дани Авноја ТВ-серијаСтар Македонец
1983Ликвидатор ТВ-филм
1984Комедијанти ТВ-серијаСуфлерот Војо
1984Јуначко колено ТВ-серија
1984Хихирику – 5 години ТВ-филм
1985Сомнително лице ТВ-филмЈеротије Панчич
1986Роза мајка на бисер ТВ-серија
1986Среќна нова ’49 ТВ-филм
1987Трета доба ТВ-филмВојо
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филмДедото
1987Чорбаџи Теодос ТВ-филмАрсо
1987Народни трибуни ТВ-серија
1988Вечерна ѕвона ТВ-серијаРосин Дедо
1988Тврдокорни ТВ-серија
1990.-те
1990До, ре, ми ТВ-серија
1990-1992Еурека ТВ-серија
1992Време, живот ТВ-филм
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1994Пред дождот ТВ-филм

You May Also Like