Марија Џунова со свое арт видео во Велес

Ликовната уметница Марија Џунова од Велес ќе го претстави своето арт видео на видеобим на надворешен ѕид од театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ секој вторник од 14 август до 4 септември од 19 до 19.30 часот.

На арт видеото е документиран прерформансот „Мантра за секогаш мрсни времиња за професорот и Герил Брутски“ одржан во октомври минатата година во велешко Пешти.

Содржината на перформансот, наведува авторката, е палење листови од книгата „Авторски низ појавното 1-5“.

– Изложувањето на видеото на отворен простор ќе овозможи понепосреден контакт со публиката отколку негово изложување во галерија или музеј, смета авторката Џунова.

You May Also Like