Организаторот на Македонското културно лето во Албанија, поради многу околности, но најмногу поради пандемијата со Коронавирус, овогодинешното издание на фестивалот наместо театарски претстави, ќе го реализира со концерти на македонски артисти.
Во објавата до јавноста се вели:
„Почитувана публико, почитувани љубители, почитувачи и поддржувачи на фестивалот МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО.
Со новонастаната состојба и пандемијата Ковид19 која ни ги измени и фестивалските плановите за 2020, се потрудивме да ги спроведеме и почитуваме новите мерки и правила на однесување како што се физичко растојание и заштита на здравјето. Поради важноста за одржување на фестивалот во континуитет и гореспоменатите причини, моравме да направиме голема промена во содржината на фестивалот, така што одлучивме театарските претстави да ги замениме со концерти на отворено кои овозможуваат поголема безбедност со почитување на мерките за физичко растојание, што подразбира драстично намален број на посетители.
Благодарни за вашата поддршка, посакуваме ово фестивалско издание да биде прво и последно во пандемиски услови.
Настаните почнуваат во 19:00 часот!
Со љубов МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020“