НУ Драмски театар Скопје, денес 10.12.2018 година, во 12:00 часот ќе одржи комеморација за Горан Стефановски.
Покрај ансамблот на НУ Драмски театар Скопје, обраќање за делото на Горан Стефановски ќе имаат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за драмски уметности и Филолошкиот факултет.
Во прилог и телеграмите од Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија и Југословенскиот драмски театар.
Почитувани,
Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот драмски писател, Горан Стефановски. Иако немасоодветни зборови кои можат да ја надоместат загубата, дозволете во овие тажнимигови да изразам најискрено и најдлабоко сочувство до семејството и до целанаша јавност. Со прераната смрт на Горан Стефановски загубивме врвен драматург,но и голем ерудит, мислител и пред се прекрасен човек кој со своето дело остави неизбришлива трага во нашето културно и општествено живеење.
Горан Стефановски беше наш најпознат и најизведуван современ драмски автор чии драми оставијанеизбришливи траги во нашиот театар и книжевност, претставувајќи своевидна луцидна панорама на нашето живеење и светоглед. Покрај маркантниот драмскиопус, неизбришливи се неговите остварувања во телевизискиот медиум, пред се, преку култната телевизиска серија Бушава глава.
Вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за се што напиша, создаде иинспирираше.
Нека почива во мир,
д-р Ѓорге Иванов
Почитувано семејство Стефановски,
Останавме без нашиот драмски писател Горан Стефановски, великанот на македонската и европската современауметност.
Бесмртните дела на неуморниот творец, мајстор на зборот, остануваат какозавет за идните генерации и духовни драгоцености на овој дел од Европа.
Му благодариме што ни ја обогатуваше Културата, а нашето општество го правеше подобро.
Нека му е вечна славата.
Во име на Комисијата за култура,
Ирена Стефоска, претседател
Заминувањето на вашиоти наш Горан длабоко не погоди сите нас во театарот и околу него кои заедно сонеговата уметност и неговата благородна личност, заедно со него битисувавме вотеатарот, или барем како неговата публика која уживаше во неговиот огромен талент.
Знаеме каква е иколку е голема загубата на оваа трагично предвремено заминување на еден однајголемите драмски писатели, не само на нашите простори. Примете го нашетонајдлабоко сочувство.
Југословенски драмски театар