Изложба на фотографии на Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски во понеделник, 25 март, со почеток во 20 часот, Младинскиот културен центар – МКЦ.
На изложбата Andalucia ќе бидат преставени четириесеттина уметнички фотографии на двајца современи македонски фотографи – Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски.
Изложените фотографии се направени во градовите Кордоба, Севиља, Гранада, Гарзамела, Кадиз и Ронда, каде двајцата автори имаа студиски престој во периодот Октомври – Ноември 2017 година.
Прикажувајќи ги лугето, обичаите, природните убавини, културните споменици и архитектурата низ призмата на своите апарати, Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на овој регион на Шпанија.
Дејан Колевски e мајстор на фотографија кој има повеќе самостојни изложби, меѓу кои и изложба во Националната галерија на Македонија во Скопје. Кирил Пенушлиски е фотограф кој аматерски се бави со фотографија од 1994 година; изложбата Andalusia е негова прва самостојна изложба.
Во фотографиите на Дејан Колевски централното место завзема човекот прикажан во урбана средина. Во оваа серија од фотографии прикажува најразлични сцени од секојдневното живеење.
Кирил Пенушлиски верува дека помалку информации и овозможуваат на фантазијата повеже да работи, затоа во неговите фотографии деталната и верната дескрипција е заменета со сугестија.