Во Центарот за култура во Крива Паланка во тек е изложбата на пејзажи насловена „МАРИНИ“ на Ацо Таневски од Скопје.
По мартовското претставување во центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово која и покрај пандемијата наиде на одличен прием, делата на Таневски ја продолжуваат минатогодишната турнеја започната во велешкиот народен музеј.
Освен овие галериски простори, пејзажите на Таневски се претставени и во Демир Капија и Неготино.
Ацо Таневски роден 1965 година во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 1984 год.ина, како и Факултет за ликовни уметности (педагошки, отсек сликарство) 1991 година. Член е на ДЛУМ и активен член на Сојузот на ликовните педагози, со десетгодишно искуство од областа на образованието. Работи како ликовен едукатор во Националната галерија на Македонија. Организатор е на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и на четириесетина ликовни колонии.