Христо Петрески: Измирски очи

По неодамнешниот катастрофален земјотрес, кој ја зафати Турција и дел од Медитеранот, македонскиот поет Христо Петрески напиша песна посветена на Измир и неговите жртви…

Христо Петрески
ИЗМИРСКИ ОЧИ

Кои се тие урокливи очи
Што одеднаш ја поткреваат и превртуваат земјата
Какви се тие проклети очи
Што го убиват бикот кој со роговите ги носи и држи куќите

Какви се тие прекрасни очи
Од кои извира сета Измирска убавина и среќа
Која одвреме-навреме ја милуваат само морските бранови
Кои сега одеднаш потонаа во бол плач и вечен немир

Но тука се рацете и очите на Ататурк
Кои треперат и стражарат над волшебниот храм и олтар
Кој повторно се буди заискрува и светка во белите ноќи на Измир
Помеки и од најнежниот сатен за трајна веридба и нова рожба!

Скопје, 30.10.2020 година
21,30 часот

You May Also Like