IN MEMORIAM: Почина Коле Мангов

Во 73-та година од животот, вчера (1-ви јануари) во Скопје, почина поранешниот судија, поет и публицист, Коле Мангов (1940-2013).  Неговите посмртни останки беа погребани денеска на гробиштата Бутел.

Неуморен борец за правата на Македонците од Егејот во Грција, член на Уставната комисија во времето кога се донесуваше првиот Устав, претседател на невладината организација „Достоинство“ и голем полемичар за теми поврзани со македонската историја и националниот идентитет.

Роден е во село Баница, Леринско, Егејска Македонија, на 2 август 1940 година. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1977 година. Автор е на повеќе книги поезија и публицистика, меѓу кои ,„Гладострав“ (1975) и „Вик“ (1979), „За македонските човекови права“ (1995), „Во одбрана на македонскиот национален идентитет“.

Во текот на неговите пензионерски денови активно e ангажиран на меѓународно промовирање на македонското национално прашање, објаснување на суштината за грчко-македонскиот спор.

You May Also Like