По големото претставување во Санкт Петербург (Русија) во месец октомври, во литературно-меморијалниот музеј Ф.М. Достоевски, изложбaта под наслов „Тоа е човекот“ премиерно во Скопје и пред македонската јавност. На отворањето на изложбата ќе говорат уметникот Коле Манев и Ѓорѓи Јолевски кој ќе изведе монолог од Бесови на Ф.М.Достоевски.
Авторот за своето дело ќе каже: кога ги гледам луѓето и настаните околу мене, сакам да ја пресоздадам нивната надворешна минливост. Чинам дека е се едно таинствено битие исполнето со безброј загатки.
Изложбата ќе биде отворена до 13.12. 2011 година.
Отворање на 02. 12. 2011 година (петок) со почеток во 20:00 часот.
Локација, Галерија 8 – Безистен, стара Скопска чаршија