„Тактот на животот“ изложба на Елена Ѓорѓиевска во Галерија 8

Во организација на ДЛУМ во кафе Галерија 8 – Безистен во Старата скопска чаршија,  во  среда (29.05.2013)  во 20:30 часот ќе се отвори изложбата  на академската сликарка Елена Ѓорѓиевска.

Дипломира 2005 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство. Магистрира 2008 година на истиот факултет, на отсекот сликарство.  Член е на ДЛУМ од 2006 и на ДЛУБ од 2007 година .

Има реализирано 4 самостојни изложби и учествувано на повеќе групни интернационални изложби. Авторката ќе ни се претстави со циклусот на минијатури-дела изработени во акрилна техника кои го отсликуваат ритамот на животот  и природата, изработени во 2012 година. Делата ја одсликуваат динамична трансформација на енергијата преку експресивни бои, едноставни форми и ритмични  линии.

You May Also Like