Продолжен рокот за избор на Најдобра фотографија 2013

Град Скопје традиционално распиша конкурс за избор на професионална и аматерска фотографија со мотиви од Скопје и ги поканува професионалците, аматерите и учениците, вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми.

Критериумите ги содржат следните точки:

• Мотивите на фотографиите да се од Скопје;
• Да се достават фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите;
• По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии;
• Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален  jpg или друг формат, со висока резолуција;
• Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години;
• Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот;
• Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи сите пристигнати фотографии;
• Град Скопје ќе организира изложба за наградените фотографии во еден од своите културни центри;

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија, односно:

Првата награда изнесува 50 000 денари, втората 40 000 денари и третата 30 000 денари.

Конкурсот трае 60 дена од денот на објавување во средствата за јавно информирање (25.05.2013 година). Пријавите за Конкурсот што нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.  Конкурсот што беше објавен на 22.05.2013 година престанува да важи.

Град Скопје ги охрабрува сите професионалци, аматери, ученици и сите оние што го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции. Ќе се оценуваат фотографии снимени во која било од општините кои се на територијата на градот Скопје, кој било временски период на едно деноноќие и фотографирани во која било сезона на годината.

Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД, во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот.  Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

Адресата на која треба да се достават предлог-фотографиите е:

Град Скопје
Сектор за локален економски развој
бул. „Илинден” бр. 82, 1000 Скопје
Со назнака „за Конкурсот за најдобра фотографија“

Или лично, во Архивата на Град Скопје.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број (02) 3297-218, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, или во просториите на Град Скопје, барака бр. 6, канцеларија бр. 1 – Одделение за туризам.

You May Also Like