„Суперкласико“ во Кинотека

Вечер (15 април, понеделник) во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија, во рамките на Циклусот дански филмови се прикажува филмот „Суперкласико“.

 

СУПЕРКЛАСИКО

(Superclasico)

игран филм, Данска

2011, 99 мин., колор, Блу Реј

режија: Оле Кристијан Мадсен (Ole Christian Madsen)

сценарио: Андерс Фројхоф Аугуст, Оле Кристијан Мадсен (Ole Christian Madsen)

улоги: Андерс Бертелсен, Џејми Мортон, Паприка Стин, Себастијан Естеванез (Anders W. Berthelsen, Jamie Morton, Paprika Steen, Sebastián Estevanez)

Кристијан е трговец со вино кој е на работ на банкрот. Ништо не му поаѓа од рака скоро на сите полиња во животот. Пред повеќе од 2 години сопругата Ана го напуштила и сега работи како спортски менаџер во Буенос Аирес и живее со фудбалерот Хуан Диаз. Еден ден Кристијан, заедно со неговиот 16-годишен син Оскар, ќе се појави во Аргентина, наводно за да побара од Ана да ги потпише документите за развод. Всушност, тој се надева дека повторно ќе го освои нејзиното срце.

You May Also Like