Денеска (недела, 10.03.2013 година) од 10 до 14 часот организирана е посета на археолошкиот локалитет “ Исар – Марвинци “ кој се наоѓа 7 км југозападно од градот Валандово.
Античкиот град се наоѓа на ридот над селото Марвинци од неговата југозападна страна. Ридот е достапен од јужната страна преку широко седло. Најпрвин ќе се посетат некрополите, а движејќи се кон северо исток ќе се стигне и до Акрополата која се наоѓа на 131 м надморска височина и е добро заштитена од атмосферските влијанија. На овој настан ќе присуствуваат околу 60 ученици од локалните училишта, а целта на настанот ќе биде што подобро младите да го запознаат локалитетот и да ги прошират знаењата поврзани со овој локалитет кој се наоѓа во нивна непосредна близина .
Посетата ќе биде организирана од страна на Комисијата за култура на ОК ВМРО-ДПМНЕ Валандово, а тимот кој ќе раководи со целата активност ќе биде составен од дипломиран етнолог Драган Вучков, дипломиран археолог Игор Ширтовски и професор по историја во ДСУ “ Гоце Делчев “ Зоран Тодоров. Настанот е поддржан од Министерството за култура, Заводот за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија, Домот на културата “ 25 Мај “ – Валандово, Планинарското друштво “Југ“ – Валандово и локалниот бизнис сектор.